Следбениците на долгогодишниот лидер на Венецуела, Уго Чавес со собир ја одбележаа двегодишнината од неговата смрт.
Активностите започнале во раните утрински часови со огномет во Каракас, а подоцна дел од насобраните го посетиле неговиот гроб.
Инаку поради падот на цената на нафтата, Венецуела се соочува со длабока рецесија и се бори да ја задржи инфлацијата, додека нивото на сиромаштија од 25 проценти во 2012 година, се зголеми на 32 проценти во 2013 година, се наведува во јануарскиот извештај на регионалната канцеларија за економија на ОН.
Е. Г.