Тајланд со закон ќе ги одвои политичките од социјалните протести

Од:

Привременото законодавно собрание на Тајланд денеска објави дека во новиот Устав на државата ќе бидат донесени посебни законски правила за социјалните протести, а посебни за политичките демонстрации.

Во законите ќе бидат определени локациите на кои се дозволуваат протестите, а и строги казни за прекршителите. Со тоа привременото законодавно Собрание, именувано од страна на воената хунта, најавува дека ќе се обиде со закон да ги спречи политичките судири, што беа и повод за државниот удар на армијата во мај минатата година.

Во првите реакции на објавените предлог-мерки незадоволство со новите прописи изразија вработените во државните и јавните установи, според кои нивните протести за остварување на социјални права властите можат да ги прогласат за политички.

Од партиските кругови за сега нема јавни реакции, најмногу поради тоа што несогласувањето со предлозите и не може да се изрази јавно, поради законот за цензура на медиумите и социјалните мрежи.

Прилично изненадувачки, авторите на нацртот на новиот Устав на Тајланд најавија и определба според која сегашните носители на државни и јавни функции, именувани од хунтата, не ќе смеат да имаат политичка функција најмалку две години по оддржувањето на општите избори.

Со овој потег, направен по директива на водачот на државниот удар Генералот Прајут Кан-ока, армискиот врв пред домашната и меѓународната јавност сака да ја оправда својата интервенција и да покаже дека преземањето на власта не била мотив за државниот удар.

Потврдувајќи го индиректно авторството на идејата за ограничување на политичките демонстрации и по укинувањето на вонредната состојба, генералот Прајут, кој сега формално е на функцијата преоден премиер, изјави дека тоталната демократија е лоша, но и неостварлива идеја.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Питон со часови давеше жена во Тајланд, полицијата шокираше од глетката

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Мајмуни „окупираа“ тајландски град, властите почнаа лов

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач