Третата генерација на топ лимузината на компанијата „Шкода“ е претставена е на 85-от Меѓународен саем на автомобили во Женева.
Во чешката компанија тврдат дека новиот „Суперб“, според квалитетот и соддржината, ги надмина сите досегашни модели на оваа фабрика.
Стилски инспириран од концептот на „Vision C“, новиот „Суперб“, сепак, изгледа поконзервативно отколку што во првиот миг се мислеше. Атрактивните „прекршени“ светла и стоп стветлата од концептот отстапија места на поконвенционалните светлосни групи.
Сепак, третата генеација на „Суперб“ има помодерен и поскладен дизајн од претходникот, особено кога се гледа од задниот дел на возилото.
Од „Шкода“ истакнуваат дека новиот „Суперб“ е покомфорен, попростран и полуксузен во споредба со се уште актуелниот модел и има повеќе простор за чување на багажот, бидејќи зафатнината на багажниот е зголемена за 30 литри, до 625 литри.
Во однос со претходната верзија, меѓуосовинското растојание е зголемено за 80 милиметри – распонот меѓу предната и задната осовина изнесува 2.841 милиметри, додека на предниот пропуст е пократок за 61 милиметар. Широчината во кабината, во нивото на лактите на возачот и совозачот, е зголемена за 39 милиметри, а кај патниците на задното седиште за дури 69 милиметри.
Идните сопственици на новиот „Суперб“ на располагање ќе имаат различни погодности, како што се отворање врата со помош на сензор- доволно е стопалото да се помести под задниот браник и гепекот автоматски да се отвори, што е корисно ако двете раце Ви се зафатени или кога задниот дел на возилото е премногу извалкан.
Новиот „Суперб“ е опремен со голем број електронски системи за помош кои придонесуваат за поголема безбедност во возењето, како што е адаптивниот темпомат, систем што го предупредува возачот на опасност од судар при градско возење, систем што автоматски го запира возилото доколку возачот од некоја причина е онеспособен…
Понудата на мотори опфаќа осум погонски агрегати. Кога станува збор за бензинците, на располагање се турбо-полнети единици со волумен од 1.4, 1.8 и 2.0 литри, со распон меѓу 125 и 280 кс.
На купувачите ќе им биде достапен и 1.6 и 2.0-литарски турбо-дезел мотор, чија сила се движи од 120 до 190 коњи.
Во „Шкода“ велат дека најекономичната верзија, дизел „Суперб ГринЛајн“, во просек ќе троши 3,7 литри на 100 километир и ќе емитува само 95 грама CO2 на километар.
Со исклучок на базата на бензинци, сите други модели покрај стандардниот мануелен во понудата опциски ќе имаат и менувач со двојно квачило, додека четири мотори ќе бидат достапи и во верзијата со погон на четири тркала, со помош на „Haldex“ квачилото од петата генерација.