(ФОТО) Затвореници во Шутка: Грујо, те чекаме со добри душеци и добар тоалет

Од:

По објавите за катастрофалните услови во затворот во Идризово, Штип и Прилеп, Мери Николова, активист, објавува фотографии за катастрофалните услови во Шутка, кои ги добила од затвореници.

shutkaZatvor1

Тие пренесува Николова, велат, и куче да ставите да спие овде ќе умре за 10 дена а не па луѓе што лежат по 30 месеци и тоа многу од нив невини.

shutkaZatvor4

„Грујо, те поздравувам во нивно име и ти пренeсувам, те чекале добри душеци за спиење и добар тоалет“, пишува Николова.

shutkaZatvor2

Еве што и напишале затворениците:

„Ако можеш да ги објавиш овие слики за да знае народот каде уште неосудени лица седат овде по 20 и 30 месеци. Спијат на земја, без парно на минусни температури, вечераат секоја вечер супа без фиде, просториите се без дневна светлина. Да знаат луѓето за тортурата од лекарите. Ние сме 23 часа и 30 минути во затворен простор, а само 30 минути надвор. Дали сте се запрашале кога последен пат имало амнестија? Од дома ако не ти донесат ќебе, нема со што да се покриеш. Влага има секаде. Од кај Народниот правобранител измериле дека влагата на воздухот е 54 пати над дозволеното. Се е катастрофа“„

Би можело да ве интересира

Голем број загинати во затворски бунт во Еквадор

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

Oслободен од турски затвор е хрватски морнар осуден на 30 години затвор, на бродот му најдоа 137 кг кокаин

А1он

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

Иран: Во израелскиот напад врз затворот „Евин“ загинаа над 70 затвореници

Пожар избувна во затвор во Сплит, седум лица завршија во болница