ЛДП: Власта отсега може слободно да пука во сопствениот народ

Од:

ЛДП изразува крајна загриженост и згрозеност од донесувањето на измените  на Законот за полиција во време кога во државата се нарушени сите демократски постулати.

„Узурпираните институции од партиите на власт ги доведува во прашање критериумот и начинот на употреба на донесените измени во Законот.

По ова ЛДП прашува, кој всушност ќе ја прави проценката кога да се употребат овие насилни мерки?

Стравуваме дека наместо обид за релаксирање и средување на настанатата ситуација, атмосферата дополнително ќе се разгорува со физичко насилство врз сопствените граѓани.

До каде ќе не одведат изгласаните нови репресивни мерки во случај на протест на граѓаните?

Зарем употреба на физичка сила, палки, хемиски средства, водени топови и служебни кучиња, не беа доволни, па на „менито“ си додадовте и гумени куршуми, електрични парализатори и шок бомби.

Очигледно асортиманот на насилни мерки сега ви е комплетиран по ваша желба и под превезот на легитимноста. Но, во драматичната политичка ситуација во која се наоѓа Република Македонија, ова е само нов инструмент за сеење страв над сопствениот народ и предупредување да не се изразува загарантираното право на протест и незадоволство.

Стравот не смее да ја надвладее борбата за демократија, па затоа ги охрабруваме граѓаните да не подлегнуваат на ниту една форма на страв што власта сака да ја наметне.

Стравот  е кај нив, а ние и понатаму ќе укажуваме на насилството кое се обидуваат да го манифестираат и легитимираат, насилство кое го демонстрираат и на овој начин.

Сепак, има нешто поважно од стравот и насилството, а тоа е слободата и демократијата“, се вели во соопштението на ЛДП.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ЛДП со посебна благодарост за основачите во Битола

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски