Куманово се пласира во четвртфиналето на БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Куманово ќе играат во четвтфиналната рунда на регионалната Балканска лига (БИБЛ), благодарејќи на денешниот последен меч од втората групна фаза во ова натпреварување, во кој косовската екипа Пеќ славеше победа на гостувањето во Црна Гора кај Морнар со 72:65.

Со оваа победа екипата на Пеќ го освои првото место во групата „Ц’’, а со тоа и директно се пласира на „Фајнал-фор’’ турнирот. Екипата на Куманово заврши како второпласирана, па заедно со романската Крајова обезбедија место во плејофот.

Куманово во четвртфиналето ќе игра против екипата на Рилски спортист од Бугарија. Првиот меч кумановци ќе го на гостински терен во Самоков, а реваншот пред својата публика во Куманово.

Втората четвртфинална двојка ќе го сочинуваат Сигал Приштина и Крајова, а подобриот тим во полуфиналето ќе му биде противник на Кожув.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос