Во центарот на украинскиот град Лавов се наоѓа модерн стан за чија декорација архитектите биле инспирирани од авантуристичкиот животен стил на неговиот сопственик – млад фудбалер.
Сите детали во станот се прилагодени на начинот на живот на неговиот сопственик, кој инсистирал на удобен и функционален ентериер.
При редизајнирањето двете дотогашни спални соби се претворени во отворено студио, комбинирано со дополнителен простор за дневен престој и кујна.
Контрастите во ентериерот на станот се обезбедени со употреба на различни материјали и текстури, како што е сировиот бетон со кој е обложен таванот.
Идејата на дизјанерите била да се создаде што поголем слободен простор без ѕидови. За таа цел во средината на новата спална соба е поставена бања од каде сопственикот на станот може да лежи во када и да гледа телевизија.
Уште еден интересен детал во овој преубав стан се специјално дизјанираните столици во кујната на кои се испишани броевите на дресовите на сопственикот на станот и на неговите пријатели.