Париз: Под супермаркет пронајдени 200 черепи

Од:

Работници кои копале под супермаркет во Париз, пронашле повеќе од 200 скелета, јавува „Си-Ен-Ен“. Работниците, кои го реновирале супермаркетот, под подот наишле на дел од некогашните болнички гробишта, а истражувачите и археолозите спроведуваат карбонски и ДНК-тестови за да утврдат кога лицата биле погребани.

Археологот Изабел Абади вели дека според начинот на кој телата се поставени, јасно се гледа дека луѓето умреле отприлика во исто време.

– Тоа што изненадува е дека телата не се фрлени во гробницата, туку внимателно се положени во неа – вели Абади, додавајќи дека гробиштата се затворени пред неколку века, кога повеќето посмртни остатоци биле пренесени во Париските катакомби – подземна костурница во која има остатоци од повеќе од шест милиони тела.

Париз претрпел неколку епидемии на чума во времето кога работела болницата „Свето Тројство“, на која ѝ припаѓале гробиштата.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата