Мексиканските безбедносни сили го уапсиле лидерот на нарко-картелот Зетас, Омар Тревино Моралес, кој е меѓу најбараните мафијаши во земјата.
Како што соопшти висок претставник на власта, братот на заробениот поранешен лидер на Зетас, Мигел Анхел Тревино Моралес, е уапсен рано изутринава во градот Мотереј.
Моралес е притворен само неколку дена по апсењето на Сревандо Гомес, лидер на нарко-бандата Витези темплари, кој беше најбараниот мафијашки шеф на слобода.