Француската влада одлучи да го продолжи сегашното високо ниво на антитерорстичкиот палн „Вижипират“, кој беше подигнато на нивото „засилена претпазливост“ во парискиот регион и Алп Маритим (Азурниот брег) се до 10 април, но ова ниво може да потрае со месеци, јави дописникот на МИА од Париз.
Антитерорстичките мерки беа подигнати на високо ниво по терористичките напади во јануари.
Од атентатот во Шарли Ебдо и настаните што селдуваа потоа, во планот „Вижипират“ се вклучени 10.500 војници кои заштитуваат 830 чувствителни објекти во Франција, воглавно еврејски училишта, културни центри и синагоги.
Значајната мобилизација, која покрај буџетските трошоци носи и замор на трупите, логично треба да одведе до прилагодување на овие мерки на ситуацијата.