Тајландската канцеларија за борба против перење пари денеска објави дека запленетите имоти кои биле конфискувани од осудениците за корупција ќе бидат продавани на аукџии закажани за овие неколку дена. По пресудите, кај осудените за корупција, полицијата запленила над 24.000 вредни драгоцености, уметнички слики, скапа керамика и вредни сидни часовници. Се разбира дека се работи од личности на високи политички позиции, фатени во обиди на поткуп и други видови корупција.
Меѓу најатрактивните предмети се драгоценостите од домот на трикото на сега екс-принцезата Срирасми Понгпат, висок функционер во тајландското разузнавање. Понгпат бил фатен како прима поткуп од шверцери со нафта во ноември минатата година и во експресен процес беше осуден на 31 години затвор. Жртва беше и неговата внука, принцезата Срирасми, на која и беа одземена титулата и накит вреден над шест милиони долари.
Според проценките, од продажба на уметнички слики, скапи сатови и порцелан, како и од накитот што е запленет, во државниот буџет на Тајланд ќе влезат најмалку 50 милиони долари.