Идентификувани лицата за кои се сомнева дека се одговорни за терористички напад во 1982 година во Париз

Од:

Француските власти ги идентификуваа трите лица за кои постојат сомневања дека се одговорни за терористичкиот напад во 1982 година во еврејскиот кварт во Париз, на улицата Розиер, во кој загинаа шест лица, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Судските власти, како што пренесоа повеќе француски медиуми, издале и меѓународен налог за нивно апсење. Во истрагата која ја води антитероститичкиот судија Марк Тревидик утврдил дека трите лица живеат едниот во Рамала, вториот во Јордан и третиот во Норвешка.

На 9 август 1982 година на пладне, беше фрлена граната во ресторанот-продавница за сувомеснати производи Џо Голденберг на улицата Розиер, која експлодира меѓу педесетте клиенти. Веднаш потоа, две лица влегуваат во просторијата и отвораат оган.

Составена од група од три вооружени лица, според извор близок на предметот, тие потоа избегале на улицата, празнејќи го оружјето (пиштоли-митралези од полско производство ВЗ-63) врз минувачите.

Во нападот кој траел само три минути 6 лица го загубија животот и 22 беа ранети. Операцијата тогаш му беше припишана на една дисидентска палестинска група на ПЛО, Фатах-Револуционерен совет на Абу Нидал. Анонимните сведоштва дозволија идентификување на трите сомнителни лица, по долгата и упорна работа на Генералната дирекција за внатрешна безбедност.

Едниот од сомнителните е на возраст од 59 години и живее во Рамалах, вториот на возраст од 56 години во Норвешка и третиот на 62 годишна возраст во Јордан. За нив постои сомневање дека биле составен дел од групата која го изврши нападот. Нивниот идентите засега не е откриен, додека налогот за апсење бил издаден од судијата уште на 20 февруари годинава.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата