Стебло од четири тони поставено пред министерството за екологија во Париз

Од:

Невладината организација изутринава пред министерството за Екологија во париз, постави стебло од тропско дрво тешко четири тона, со барање до француската влада да го спроведе законот пртоив илегалниот увоз на дрва, јавува дописникот на МИА од Париз.

Стеблото долго 8,5 метри, на кое со бели букви „илегално дрво“, беше испорачано изутринава во 7 часот и 15, со камион дигалка.

Според Гринпис, ова дрво потекнува од „сомнителна пратка која се чува на пристаништето во Ла Рошел, додека симпатизерите на Гринпис носеа пароли со натписи „Илегално дрво, на владата и е гајле“.

„Две години како што француската влада одолговлекува со спроведувањето на европската регулатива“, која има за цел да му стави крај на илегалниот увоз на дрва во Европа, пишува во соопштението на Гринпис.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата