Научници откриле галаксија која не би требало да постои

Од:

Интернационален тим на астрономи, додека набљудувал објекти кои се меѓу најстарите во универзумот, открил нова галаксија која во теорија не би требало ни да постои.

Според нив Малата галаксија настанала пред околу 700 милиони години по „Големата експлозија“, но проблем е тоа што таа е „попрашлива“ отколку што би требало, со оглед на нејзината големина.

-Наспроти тоа што правта е составен дел кога зборуваме за цврстите небесни тела, ова е изненадување, бидејќи космосот започна да постои без прав. По „Големата експлозија“ универзумот го сочинуваа водорот и хелиум, заедно со темната материја која е невидлива за нас- вели Денијел Марон, истражувач од Универзитетот во Аризона.

Тој истакна дека тоа што галаксијата е попрашлива отколку што би требало, не е единственото изненадување.

-Минатата недела откривме неверојатно голема црна дупка која датира од периодот на раниот универзум. Исто така откривме галаксија со просечна величина, која има повеќе прашина отколку што тоа во теорија би требало да биде случај. Сфативме дека не знаеме што се случувало во тој период -вели Марон.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Важно откритие на научниците: Пронајден доказ за постоење на вода на Марс, сместена длабоко во кората

Блумберг: Америка тврди дека Русија ќе испрати нуклеарно оружје во вселената оваа година

Не сме сами: се појавуваат докази за живот во вселената

Предраг Петровиќ

Астронаутите инсталираа нови соларни панели на ISS

Ана Ололовска

Најголемата вселенска експлозија: Научниците никогаш не биле сведоци на нешто од вакви размери

Предраг Петровиќ