Казна од илјада евра за новинар на Ал Џазира, кој без дозвола пуштил дрон над Париз

Од:

Британскиот новинар Тристан Редман, од катарската телевизија Ал Џазира, кој без дозвола управуваше со дрон над Париз, каде неколку ноќни летови на беспилотни летала над клучни објекти ја активираа полицијата, е осуден на парична казна од илјада евра.

Беспилотното летало му било конфискувано. Тристан Редман (34) и двајца негови колеги беа приведени на 25 февруари, откако го пуштиле дронот над Булонската шума. Само Редман беше изведен пред суд, додека другите двајца беа ослободени.

Дронот му бил доставен од редакцијата на телевизијата во Лондон.

Летовите на дронови без дозвола се забранети во Париз.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата