Ајфеловата кула почна да произведува струја

Од:

Една од најголемите знаменитости на Париз, Ајфеловата кула, неделава стана и нова икона за обновлива енергија со две ветерници кои ги вгради американската фирма „Урбан грин енерџи“.

Американската компанија соопшти дека ветерниците можат да обезбедат околу 10.000 киловати струја, што одговара на количество што во текот на една година го троши комерцијалниот дел од првиот кат на кулата, пишува лондонски „Гардијан“.

Произведувачот наведува дека двете турбини се речиси нечујни, а бидејќи се во боја, тешко може да се разликуваат од металната конструкција на кулата.

Ветерниците се поставени на висина од 120 метри, што овозможува и оптимално да се користат постојаните воздушни струења.
Вертикалната осовина на турбините произведува помалку струја од класичните, но тие се дизајнирани за градски подрачја во кои ветровите се помалку предвидливи и често ја менуваат насоката.

Во рамки на програмата за обнова, на Ајфеловата кула се вградени и штедливи ЛЕД-светилки и соларни грејачи, како и постројки што ја искористуваат дождовницата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата