На еден рид во американската сојузна држава Ајдахо е изградена куќата „Проспектор“, од која се пружа живописен поглед кон околните планини.
При изградбата на куќата со употребени материјали и осмислениот дијзан е овозможено нејзино целосно вклопување во природното опкружување. Палетата на бои и материјали што се употребени во изградбата на „Проспектор“, како камениот фурнир, црвениот кедар и синиот камен, потекнуваат од нејзиното блиско опкружување.
Куќата, која има дел за дневен престој и исхрана и седум спални соби со бањи, се протега на вкупна површина од 743 метри квадратнии. И покрај нејзиниот груб надворешн изглед, резиденцијата со својот ентериер нуди топол и гостопримлив амбиент.
Собата за дневен престој и трпезаријата се поделени со голем камен камин, до кој е сместена и кујната. Во овој дел од куќата доминираат дрвото и каменот, кои се идеално интегрирани во современиот дизајн на мебелот и останатите елементи.
Суптилниот избор на бои дава чувство на радост во ентериерот, без компромиси во стилот. Целокупниот животен простор на куќата е надополнет со покривните балкони и дворот, каде живописните пејсажи од опкружувањето создаваат совршен амбиент за одмор и опуштање.