ДС ги повика политичките партии на дијалог и парламентарна расправа

Од:

Демократскиот сојуз (ДС) ги повикува политичките партии на дијалог и отворање темелна расправа во Парламентот, со цел, како што истакнуваат, да се разреши политичката криза и да се намалат негативните влијанија врз евроинтегративните процеси, стабилноста, економскиот развој и демократските процеси во целина.

– ДС смета дека Собранието на Република Македонија треба да расправа за кршењето на основните човекови права, нарушувањето на приватноста и за колапсот на безбедносните системи, се наведува во соопштението.

ДС го повикува и Јавниот обвинител, до Собранието на Република Македонија, да достави извештај за посебните истражни мерки преземени во претходната година, при што во извештајот треба да бидат содржани: број на постапки во кои се наредени посебни истражни мерки, за кои кривични дела, дали постапката е поврзана со гонење на организиран криминал, потоа за бројот на набљудувани објекти и лица, резултатите од посебните истражни мерки и друго.

– Јавниот обвинител посебно треба да го информира Собранието и во колку случаи е користен заштитен сведок, колку од судските одлуки се засновани на сведочење на заштитен сведок, во колку случаи врз информациите од посебните истражни мерки (прислушкување) се засновале судски одлуки, се вели во соопштението од ДС и се бара Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање и Комисијата за надзор над спроведувањето на посебните истражни мерки да подготват извештаи и да ги достават до Собранието.

Би можело да ве интересира

ДС: Во прва фаза поминаа законите за една изборна единица и за формирање Агенција за борба против тешки облици на организиран криминал

Ана Ололовска

ДС: Идејата за широка коалициска Влада ќе доживе колапс, треба да се одржат предвремени парламентарни избори

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Се отвора расправа за една Изборна единица

Ана Ололовска

Павле Трајанов: Со една изборна единица ќе зајакнат демократијата и одговорноста

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Со законите кои ги предлага Владата ќе се легализира грабежот

Горан Наумовски

Демократски сојуз: Оставка на членовите на Републичкиот судски освет

Катерина Ѓуровски