Шведската индустрија за мебел ИКЕА лансираше на пазарот комоди, работни маси и столни и подни лампи кои безжично ги полнат мобилните телефони и таблетите.
Колекцијата за безжично полнење е резултат на долгорочниот проект Хоум Смарт, со кој ИКЕА развива иновативни решенија кои придонесуваат за подобар живот во домот, а интегрираат безжични полначи во делови од мебелот.
– Од истражувањата и домашните посети кои ги спроведуваме секоја година, знаеме дека на луѓето им пречи хосот кој го создаваат каблите. Тие се грижат дали ќе им успее на време да го пронајдат полначот и дали ќе им се потроши батеријата, изјави шефот на одделението за уреди за осветлување и безжично полнење од ИКЕА во Шведска, Жанет Скјелмос, истакнувајќи дека со новиот мебел каблите ќе бидат непотребни.
Еден од дизајнерите на колекцијата, Давид Вал истакна дека со овие производи истовремено ќе можат да се полнат неколку апарати, а притоа домот да остане уреден.
Новата колекција на ИКЕА ја користи технологијата која го има глобалниот Кју-и сертификат и поддржува автоматско полнење на сите апарати кои го имаат вградено овој стандард (Гугл, Нексус, Нокиа Лумиа, ХТЦ, Самсунг).
Апаратите кои не се Кју-и компатибилни, како на пример Ајфон апаратите, можат да се полнат со VITAHULT навлака за полнење, која потрошувачите можат да ја набават во трговските центри на ИКЕА.