Филипини со затвор ќе ги казнува посредниците за брак со странци

Од:

Во прилично остра дипломатска нота филипинското МНР побара Министерството за еднаквост на половите во Јужна Кореја да го запре издавањето лиценци на агенциите за посредување на склопување бракови меѓу девојки од Филипините и кандидати за брак од Јужна Кореја. Филипините потсетија дека уште во 1990 година во државата е усвоен закон според кој брачното посредување е илегално, а на посредниците им се заканува затворска казна до пет години.

Медиумите во Сеул, соопштувајќи ја веста за протестната нота од Манила, објавија дека исти закони имаат Кина, Камбоџа и Виетнам, но дека годишно најмалку по 2.500 невести од тие држави, со посредување на брачни брокери склучиле брак во Јужна Кореја.

Филипинскиот протест уследи по објавување на неколку извештаи на организациите за заштита на човековите права кои укажуваа дека во двонационалните брачни заедници во Јужна Кореја, склучени со посредување, сопругите многу често биле изложени на малтретирање и третман на луѓе од втор ред.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски