Во присуство на претставници на хрватскиот државен врв и голем број јавни личноси и граѓани, денеска на загребските гробишта Мирогој беше погребан претседателот на Хрватскиот сабор, Борис Шпрем.
Шпрем, годинава беше опериран во болницата во Загреб, поради враќање на мултиплата миелома, а поради влошување на состојбата замина на лечење на САД.
Борис Шпрем беше претседател на седмиот хрватски состав на саборот. Роден е на 14 април 1956 година во Копривнички Бреги. Татко е и сопруг. Со сопругата Јасенка има еден син, Дамјан.