Аројо си замина од Галатасарај

Од:

Карлос Аројо го раскина договорот со турскиот кошаркарски клуб Галатасарај, поради финансиски проблеми на екипата од Истанбул.

Аројо не настапи на неделниот натпревар во домашното турско првенство, а веднаш потоа Порториканецот излезе со соопштение.

– Многу ми е жал што морам да ве известам дека соработката меѓу мене и Галатасарај е готова. Оваа одлука ја донесеов по долго размислување. Жалам поради финансиската ситуација во која се наоѓа клубот. Би ја искористил оваа можност, да и се заблагодарам на управата, но пред се на навивачите кои ме поддржуваа во текот на изминатите три години. Тие секогаш ќе имаат посебно место во моето срце, изјави Аројо.

Порториканецот од јануари 2013 година беше капитен на Галатасарај. Пред да дојде во оваа екипа настапуваше во НБА шампионатот, а првото европско искуство го имаше во редовите на Бешикташ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос