Делови од општина Центар утре без вода

Од:

Корисниците од улицата „Бел Камен“ во општина Центар утре од 9 часот ќе останат без вода за пиење.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е отстранување на уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 80 милиметри на улица „Бел Камен“ број 4, а потрошувачите ќе бидат без вода за пиење се до завршувањето на интервенцијата од страна на екипите на ЈП „Водовод и канализација“.

Утре од 9:30 часот до завршување на работите без вода за пиење ќе бидат и корисниците од улицата „Костурски Херои“ во општина Центар. Причина за прекинот во водоснабдувањето е изведување водоводен приклучок со пречник од 150 милиметри на улицата „Костурски Херои“ бр. 58.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје