Националниот фронт најверојатен победник на департманските избори во Франција

Од:

Tри недели пред првиот круг од департманските избори во Франција, сите политички партии се обидуваат да изградат стратегија како да се соочат и да ја „ублажат“ најавуваната победа на екстремно десничарскиот Национален фронт (ФН) на Марин Ле Пен, јави дописникот на МИА од Париз.

Според последното испитување на јавното мислење направено од институтот Одокса за весникот „Паризиен/Ожурдуи ан Франс“ објавено денеска, Националниот фронт може да очекува 33 отсто од гласовите, пред умерените партии од десницата и центарот, Унијата на народното движење (УМП) и Унијата на демократи и независни (УДИ), кои заедно ја имаат наклонетоста на 27 проценти од гласачите. Владејачката Социјалистичка партија (ПС) се наоѓа далеку зад нив со 19 отсто од гласовите.

Истовремено, во едно друго испитување за весникот „Журнал ди Диманш“, ФН и блокот на УМП и УДИ ја имаат наклонетоста на по 29 отсто од гласачите.

Владејачките социјалисти очекуваат пораз на изборите и сега само се надеваат дека ќе го ублажат, додека пак УМП, предводена од повратникот Никола Саркози, се надева да освои 60 отсто од француските департмани.

Тој најавува истовремено намалување на државните трошоци и на даноците, алтернативна политика свртена кон претпријатијата. Во интревју за денешниот број на „Фигаро“, Саркози најавува укинување на данокот на богатството, враќање на дефискализираните часови на прекувремените работни часови и незаменување на секој втор функционер во јавната администрација на територијалните заедници, што е еден вид на предпрограма пред изборите во 2017 на национално ниво.

За департманските избори, кои се предвидени на 22 и 29 март, Никола Саркози повикува на „корисно гласање“.

– Да се гласа за Националниот фронт во првиот круг, тоа значи дека ќе победи левицата во вториот. Тоа е ФНПС (Национален фронт -Социјалистичка партија). Да се галса за УМП тоа значи дека нема да победи левицата. Да се галса ФН, тоа значи победа на левицата. Единствената изборна реалност е ФНПС, вели Саркози, правејќи пародија од скратеницата УМПС, која ја користи Националниот фронт за да покаже дека УМП и ПС се едно исто.

Националниот фронт може да се надева на идните избори да освои четири департмани, Воклуз, Пад де Кале, Енм, кои сега ги раководи левицата, како и Вар, кој е во рацете на десницата.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата