Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром претрпе уште еден убедлив пораз во поразен во регионалната кошаркарска АБА лига откако денеска загуби од Унион Олимпија со 57:76.
Натпреварот од 23.коло одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански’’ поразот на МЗТ Скопје беше најавен уште по првото полувреме кое гостите од Љубљана го добија со 11 поени предност (39:28).
Оваа предност гостите знаеја како да ја одржуваат во текот на второто полувреме и на крајот рутинирано стигнаа до тринаесеттата победа во сезоната, нанесувајќи му го на МЗТ Скопје седумнаесетти пораз, шести последователен.
Во редовите МЗТ Скопје единствено Урош Лучиќ средбата ја заврши со двоцифрен број на поени (15).
Ова ќе биде првиот меч на поранешниот македонски селектор Пипан, по неговото враќање во редовите на МЗТ Скопје и тоа само пет дена откако Словенецот доби отказ токму од Олимпија.
Покрај овој натпревар вечерва (19 часот) ќе се игра дербито меѓу Партизан – Црвена Звезда.
Колото ќе биде комплетирано во понеделник со средбите, Левски Софија – Игокеа и Металац – Цибона.
На натпреварите кои се одиграа вчера и завчера беа постигнати следниве резултати: Цедевита – Мега Лекс 103:107 (по продолжение), Солнок – Будуќност 72:81и Крка – Задар 83:80.
Табела: Црвена звезда 43, Будуќност 40, Цедевита 38, Партизан 37, Унион Олимпија 36, Крка 35, Задар 34, Мега Лекс 33, Металац 33, Солнок 33, Цибона 31, Игокеа 29, МЗТ Скопје Аеродром 29 и Левски Софија 22.