Овие расветни уреди во фанки стил ги дизајнираше Џадсон Бомон за компанијата „Straight Line Dеsigns“.
Светилките, наречени „Три прстени“, се сместени во кутија која потсетува на бор и се прекриени со плексиглас кој пропушта флуоросцентно светло.
Идеални се за дворови, тераси, но и за кампирање и журки на отворено. Освен за расвета, можат да послужат и како масичка или столче.