Филипинската армија ликвидираше 26 герилци од Абу Сајаф

Од:

Филипинската армија соопшти дека во операциите против исламистичката група Абу Сајаф, крило на Ал Каеда кое е активно на југот на Филипините, до денеска се ликвидирани 26 герилци.

Армијата, која врз бунтовниците стационирани на островот Соло употребува артилерија и хеликоптери во операциите ги започна пред пет дена, соопшти дека на боиштата загинале двајца војници.

Абу Сајаф е радикална исламистичка група која има околу 400 луѓе под оружје и дејствува на југот на филипинскиот архипелаг и Малезија. Финансирање на операциите оваа група обезбедува од киднапирање и уцени на богати локални бизнисмени и странски туристи што со јахти крстосуваат во ова подрачје.

Операциите на армјата против бунтовниците се олеснети по одлуката на раководството на исламистичкиот МОРО фронт да го почитува примирјето во овој дел на Филипините.

Ова движење, кое има над 5.000 борци, повеќе од три децении води вооружена борба за автономија на јужниот дел на Филипините.

Речиси е сигурно дека досегашните преговори со централните власти во Манила ќе завршат со договор за доделување на широка автономија на југот на Филипините, претежно населен со муслимани.

Би можело да ве интересира

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати

(ВИДЕО) Бизарна пресметка на далечниот исток: Кинезите со воден топ „пукаат“ во филипински брод

(ВИДЕО) Силен земјотрес на Филипини

Горан Наумовски