Русија се согласи да ја намали цената на гасот за Турција за 10,25 отсто

Од:

Русија се согласи да ја намали цената на гасот за Турција за 10,25 отсто, но нема да има промени во цените за потрошувачите, изјави турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Танер Јилдиз.

– По продолжените преговори постигнавме спогодба со Русија за намалување на цената на гасот, кој го купуваме преку гасоводот Син поток за 10,25 отсто, истакна Јилдиз.

Тој посочи дека цените за турските потрошувачи сепак нема да бидат намалени и додаде дека во февруари и март турските граѓани ќе плаќаат цени за гас, како и претходно.

Јилдиз појасни дека причина за тоа е високиот курс на доларот.

Турскиот министер истовремено увери дека во февруари и март нема да има зголемување на цената на гасот за потрошувачите поради курсот на доларот.

Би можело да ве интересира

Пет понуди на повикот за изградба на интерконекторот со Грција

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Цените на гасот во Европа на годишниот максимум

Предраг Петровиќ

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ

Русија ја предупреди ЕУ: Ќе платите повеќе ако Украина не се согласи за транзит на руски гас

Приходите од руската нафта и гас се зголемени за 62 отсто