Со четирите натпревари одиграни синоќа комплетирано е 8.коло од ТОП 16 фазата во кошаркарската Евролига.
Во единствениот натпревар од Е групата, Барселона очекувано беше подобра од Алба Берлин со 92:82.
На дербито од Ф групата, Фенербахче славеше победа во Москва кај ЦСКА со 81:75. Гостински триумф оствари и шпанската екипа Лаборал која во Истанбул го победи Анадолу Ефес 87:84, додека Олимпијакос пред својата публика беше подобар од Уникаха со 77:72.
Потсетување на резултатите постигнати на натпреварите одиграни ден порано (во четвртокот): Жалгирис – Галатасарај 72:59, Реал Мадрид – Црвена Звезда 85:61, Макаби – Панатинаикос 73:70 (група Е) и Нижни Новгород – Армани Милано 76:82 (група Ф).
Табела – група Е: Реал Мадрид со 7-1 (победи-порази), Макаби Тел Авив 6-2, Барселона 5-3, Панатинаикос 5-3, Алба Берлин 3-5, Жалгирис 3-5, Галатасарај 2-6 и Црвена Звезда 1-7.