МАНУ не сака да биде арбитер, очекува правна разврска на аферата со прислушувањето

Од:

Македонската академија на науки и уметности (МАНУ) нема намера да биде арбитер на некаква политичка разврска по аферата со неовластено преслушување и очекува јавното обвинителство, судот и другите институции да доведат до правна разврска, ја пренесува „Телма“ изјавата на претстедателот на МАНУ, Владо Камбовски, според кој, ова не треба да се смета за молчење туку за став, во ситуација кога нема на располагање доволно факти.

– Вистината за фактите мора да се појави само во судска постапка. Секоја друга вистина е релативна. Вистината на медиумите, вистината во поединечните кажувања треба да ја прифатиме со резерва. Судската постапка е таа која обезбедува, низ една контрадикторност, низ едно соочување на сите факти, да се стигне до правната вистина – вели Камбовски.

Според Камбовски, институциите мора да ја завршат работата бидејќи друга алтернатива не постои.

– Има ситуации каде има алтернатива и ситуации каде нема алтернатива. Не може да бидат суспендирани обвинителството и судот. Ако немаме суд и јавно обвинителство, тоа би значело сами да ја преземеме правдата во свои раце, а тоа е нешто најлошо за едно општество. Ова нека го сфатат како мој личен апел до нив, не како претседател на МАНУ, туку како човек – вели академик Камбовски.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ под вмровска контрола – над четирипати повисока цена за дезинфекција, дезинсекција и дератизација

Горан Наумовски

Преведувачка од Словенија доби признание „Блаже Конески“: „Македонскиот јазик сè помалку звучи македонски“

А1он

Левица: Сомнителни тендери во МАНУ – надворешно сметководство и покрај сопствен финансиски оддел

Одбележани 80 години од раѓањето на академик Глигор Јовановски со промоција на изданија на МАНУ

МАНУ: Македонија има потенцијал да стане лидер во рударството во регионот

Катерина Ѓуровски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет