Мексико го уапси најбараниот наркобос во земјата

Од:

Мексиканските власти изјавија денеска дека го уапсиле најбараниот наркобос во земјата Сервандо Гомез, познат по прекарот Учителот.

Апсењето на Гомес, кој е поранешен учител, е успех за претседателот Енрике Пења Нието во неговата борба со насилството на наркокартелите.

Четириесет и деветгодишниот наркобос беше главна цел на напорите на властите да ја возвратат контролата во државата Мичоакан, кој е арена на судири меѓу картелот „Витези темплари“ и тешко вооружените граѓански групи за поддршка на редот, кои се обидуваат да ги прогонат криминалците.

Полицијата соопшти дека го уапсила Гомез во престолнината на Мичоакан Морелија. Заедно со него биле уапсени уште луѓе.

Би можело да ве интересира

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ

Еден од најозлогласените нарко босови ослободен од американски затвор

Горан Наумовски

Путин е поканет на инаугурацијата во Мексико, дали се обврзани да го уапсат ако дојде

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Маринец скокна од хеликоптер, падобранот не се отвори