Синот на поранешниот мексикански гувернер, Хосе Едуардо Мореира е пронајден мртов во ненаселената област на градот Сијудад Акуна, во близина на границата со Тексас.
Убиениот живеел во Сијудад Акуна, каде работел за владата на државата Коахуила, пренесува агенцијата АП.
Неговиот татко, Хумберто Мореира, поранешен лидер на Институционалната револуционерна партија и поранешен гувернер на државата Коахуила, поднесе оставка на местот лидер на партијата на почетокот на оваа година, поради долгот од 2.6 милијарди долари.
Властите од Коахуила не сакаат да го коментираат случајот.