Ѓорческа триумфираше во првото коло на фјучрс во Анталија

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа почна уште еден фјучрс турнир во Анталија. Таа денеска во продолжението на мечот од првото коло ја победи Елке Леменс од Белгија со 6:2 и 6:2 во сетови.

Инаку, мечот почна вчера и при резултат 6:2 и 4:2 за нашата тенисерка беше прекинат.

Ѓорческа која е втор носител на турнирот денеска ја очекуваат уште два меча. Најпрвин во дуел од второто коло ќе игра против Марлис Шупер од Австрија од која има веќе еден пораз, а потоа заедно со Јошими Кавасаки од Јапонија ќе го играат и мечот од првото коло во двојки против Диана Бузеан (Романија) и Јасмин Гулман (Турција). 

Би можело да ве интересира

Алкараз го совлада Синер за трофејот во Пекинг

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров