Во Собранието за денеска се најавени седници на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија и на Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на седниците на двете комсиии се предлог-законите за изменување и дополнување на законите за просторно и урбанистичко планирање и за постапување со бесправно изградени објекти, за градење и за градежно земјиште, сите во второ читање.