Oфицијалната изјава на Жорди Ксукла пренесена од ЛДП

Од:

Либерално демократската партија (ЛДП) денеска го пренесе официјалниот став на претседавачот на Алијанса на либерали и демократи во Парламентарното собрание на Европа (АЛДЕ), Жорди Ксукла искажан и објавен на 23.02.2015 година со цел, како што се вели, да не се злоупотребуваат и извртуваат одредени тези и ставови за исполнување на дневно-политички цели.

Изјавата на претседавачот на АЛДЕ е објавена на официјалната веб страница на АЛДЕ.

Screenshot_6

„АЛДЕ со голема загриженост ја следи политичката криза во Македонија. Со оглед на новите моменти кои излегоа во изминатиот период, јас како претседател на АЛДЕ ќе го известам Комитетот за Мониторинг за тежината на ситуацијата и ќе го охрабрам да преземе соодветни дејства.

АЛДЕ цврсто верува во недвосмислената потреба од изнаоѓање на демократско решение за долготрајната криза во Македонија. Сето ова треба да биде изведено во согласност со принципите на владеење на правото и човековите права, принципи кои се особено ценети од сите либерали. Сите сериозни обвинувања кои испливаа на површина мора да бидат истражени во целосна согласност со заложбите на кои Македонија е обврзана со самото пристапување во Советот на Европа. Независноста на правдата е врвен императив“, стои на официјалната веб-страна на АЛДЕ.

Би можело да ве интересира

ЛДП за случајот со Ива Михајлова: Дали да го укинеме судството, кога институциите и онака не функционираат?

Чилиманов: Додека преспанските овоштари ги бројат загубите, Владата нема ниту план ниту решение за нивниот опстанок

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ЛДП бара Владата да се огради од глорификацијата на Ратко Младиќ: „Нема место за величење на осудени за геноцид“

Цветановски: Нема ништо од една изборна единица, големите партии сакаат да го заштитат монополот

Зајкова: Целосна поддршка за „Сејф Сити“ од мене како пратеничка и од ЛДП

А1он