Ослободени уапсените новинари на Ал џазира кои пилотирале дронови над Париз

Од:

Тројцата новинари на катарскиот информативен канал Ал џазира, кои беа уапсени вчера во Булоњската шума во Париз, поради недозволено управување со дрон, се ослободени, јави дописникот на МИА од Париз.

Првиот од новинарите управувал со дронот, вториот снимал, додека третиот гледал, појасни еден полициски извор,

Идната недела пред судијата ќе се појави само пилотот на дронот, за да ја слушне својата пресуда, бидејќи при истрагата тој ја прифатил забрзаната постапка признавајќи ја вината. Против другите двајца новинари не е покрената истрага.

Нивното апсење се случи во моментот, кога француските безбедносни служби се обидуваат да дознаат кој пилотира и кој стои зад недозволените прелетување на чувствителни објекти во Париз, меѓу кои Елисејската палата, амбсадата на САД и Ајфеловата кула.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата