Груевски вчера призна дека се согласил да ја игра улогата на полициски провокатор, објави на својот Фејсбук профил Ѓорги Спасов.
„Во стилот на оној, заштитениот сведок што го намести Љубе, и Груевски во соработка со полицијата, прво побарал да биде озвучен, да биде инсталирана камера во неговиот кабинет и потоа го поканил Заев на разговор четири пати за да ја докаже на суд неговата вина. Прашање е дали сакаме и натаму да ни биде премиер еден обичен полициски провокатор“, додава тој.