Младиот хрватски тенисер Борна Чориќ приреди вистинска сензација на АТП турнирот во Дубаи, откако во четвртфиналето го декалсирта третиот светски рекет Енди Мареј со 2:0 (6:1, 6:3).
Чориќ кој како ’лаки лузер’ се појави на турнирот до полуфиналето стигна по еден час и 19 минути игра. Негов противник за пласман во финалето ќе биде победникот од четвртиналниот меч во кој ќе играат Роџер Федерер и Ришар Гаске.
Мареј против 18-годишниот Чориќ одигра катастрофален меч, направи 55 неизнуден грешки и ниту еднаш не се закани со брејк топка. За разлика од Британецот Чориќ направи четири брејка и имаше 34 неизнудени грешки помалку.
Турнирот во Дубаи се игра за награден фонд од 2.082.605 долари.
Инаку, младиот Хрват и стана познат на јавноста кога го совлада Рафаел Надал на турнирот во Базел тогаш со неполни 18 години.