Оланд ја осуди средбата на француските пратеници со Асад

Од:

Претседателот на Франција, Франсоа Оланд денеска ги критикуваше  француските пратеници кои вчера во Дамаск се сретнаа со сирискиот претседател Башар ал Асад.

– Ја осудувам таквата иницијатива, Осудувам бидејќи француските пратеници се сретнаа со диктатор кој е причина за еден од најлошите цивилни војни во изминатите години, истакна Оланд во Манила пред средбата со претседателот на Филипини Бенињо Акуино Трети.

Четворица француски пратеници кои беа во приватна посета на Сирија вчера се сретнаа со сириски претставници во Дамаск и со претседателот Асад.

– Франција не води дијалог со диктатор кој го бомбардира сопствениот народ и кој користи хемиско оружје против сисирските граѓани, посочи Оланд.

Франција ги прекина дипломатските односи со Сирија во 2012 година и ја поддржува умерената сириска опозиција која бара смена на Асад.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили