Блажески го повика Јанакиески во Охрид за новите градби околу Охридското Езеро

Од:

ЛДП  е сериозно загрижена за градежните планови кои се однесуваат на најчувствителните локации во Охрид. Имено, последниве недели  јавноста е запрепастена од планираната урбанизација, почнувајќи од ридот кај Плаошник, за која зборувавме уште во 2011 година како партија, преку планирање на патеката и бетонирањето на Студенчишко блато, завршувајќи со изникнатата градба кај една од најзначајните локации, како од верски така и од археолошки аспект, во месноста викана Заум, реагираат од охридскиот огранок на ЛДП.

ЛДП нема намера да остане нема на ваквите  планирани дејствувања во Охрид, уште повеќе нема да дозволи централната власт кога станува збор за државно земјиште, како и локалната власт кога станува збор за земјиште кое му припаѓа на градот да се однесуваат како да е  наследство од нивните родители – велат од партијата.

Тие додаваат дека преку својот институционален претставник во  советот на општина Охрид,  Дејан Блажески, на  следната седница на советот ќе предложи точка на дневен ред во која треба да се разгледаат овие горки теми, истовремено, упатувајќи  и покана за присуство до министерот од Прилеп, Миле Јанакиески кој треба да одлучува за Охрид.

Истовремено, ги повикуваат и граѓаните за поддршка  преку формите кои дополнително ќе ги договорат, доколку не се покаже слух и се дозволи, како што велат, наводно  бизнис поединци да профитираат на сегашноста од граѓаните и  на иднината од поколенијата.

ЛДП ја прашува локалната самоуправа дали МПЦ обезбедила план за градба и дали на Охрид веќе сериозно му се заканува Стденчишта 2015 ако Скопје го имаше Скопје 2014? 

ЛДП ги прашува одговорните од Заводот и Музеј – Охрид,  дали онака изградениот објект во Заум  значи заштита на културното наследство и автентичност  и дали пред изработка на проектот за ревалоризација на тој простор треба да никнуваат градби ? – прашуваат од ЛДП.

Од друга страна,  потенцираат дека доколку не беше една случајна фотографија на социјалните мрежи никој не ќе да знаеше што се случува во Заум. Од партијата прашуваат за колку вакви  „легални“ градби допрва и што е најважно многу доцна ќе дознаваме.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Тешко повредена малолетничка во сообраќајка во Охрид