Во едно предградие на Нов Зеланд е изградена модерна викендица во која зад рустикалната фасада се крие нејзиниот забавен и витален карактер.
Куќата „Сандригам“ е дизајнирана на начин чија цел е да се зачува хармонијата со постоечкиот амбиент во нејзиното опкружување.
Во уредувањето на двокатната викендица, која има четири спални соби, студио и отворена дневна соба, се користени традиционални материјали со чија помош е креиран современ дизјан. Ентериерот е едноставен со јасни графички форми и јаки бои. Станбниот простор е сместен во задниот дел на куќата, кој е поврзан со раскошната живописна градина.
Ѕидовите и таванот во дневната соба се покирени со дрвени плочи во разни бои, што на целиот простор му дава флуидност и холиситчки карактер.
Трпезаријата има голем број шарени висечки светилки распоредени над масата, што придонесува за разбивање на монотоната палета на бои. Вкупниот впечаток на целиот простор го надополнува и апстракното ѕидно сликарство.
Кујната е свртена кон надворешноста и е со едноставен и интуитивен дизјан, за што придонесуваат ѕидните ормари и барот.
Скалите по кои се стигнува до вториот кат се замислени како мешавина на асиметрични дрвени кутии, а интересен детал во овој дел од викендицата се 17-те кружни отвори на ѕидот, кои се замислени како полици за вино.
Спалните соби, кои се сместени на горниот кат, се каратеризираат со смирувачки и релаксирачки ентериер, за што придонсуваат сивите и меки текстури.
Бањата е мала, но свежа и прозаична, чии ѕидови во најголем дел се прекриени со бели шестоаголни плочки. Севкупниот амбиен го надополнуваат и малата када и двете тркалезни огледала.
Се на се ентериерот во куќата е свеж и разигран, што придонесува за добро расположение на нејзините станари.