Објавен конкурсот за Фулбрајт студентската програма

Од:

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурсот за учество во Фулбрајт студентската програма, наменета за визитинг студенти – истражувачи и магистерски студии во Соединетите Американски Држави, за академската 2016 – 2017 година.

На конкурост можат да се пријавата кандидати кои завршиле високо образование или се запишани на постдипломски студии. Тие треба да имаат познавање на англискиот јазик, доволно за да може да студираат или истражуваат во САД, како и да се граѓани на Република Македонија или да имаат дозвола за траен престој во земјата.

Сите информации во врска со процесот на пријавување и фазите на селекција се достапни на специјализираниот интернет портал за стипендии на Министерството за образование и наука, www.stipendii.mon.gov.mk.

Крајниот рок за пријавување е 31 мај 2015 година.

Би можело да ве интересира

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови