Тројца новинари од катарската телевизија Ал џазира се уапсени денеска во Париз, откако управувале беспилотно летало во француската престолнина, јавија извори блиски до истрагата.
– Првиот управувал со дронот, вториот правел видеозапис, а третиот гледал, изјави изворот.
Друг истакна дека засега не е утврдена врска меѓу овој случај и мистериозните прелетувања на беспилотни летала над Париз во текот на ноќта, кои ги вознемирија властите.