Очекувана победа на Работнички во Првата македонска лига

Од:

Екипите на МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ја оправдаа улогата на фаворити во дуелите со Гоце Делчев и Струмица.

Скопските екипи славеа очекувани победи во натпреварите од 14.коло во Првата македонска кошаркарска лига, одиграни попладнево во Штип и Скопје.

На средбата во Штип, шампионот МЗТ Скопје Аеродром го совлада тимот на Гоце Делчев со 88:73 , додека во салата на „Градски парк’’ во Скопје, Работнички беше убедливо подобар од Струмица со 103:59.

Од ова коло минатата среда се одигра натпреварот Водњански лисици – Кожув 77:100, додека последниот натпревар меѓу Фени Индустри и Куманово ќе се игра на 4 март.
Табела: Работнички 21 бодови, МЗТ Скопје А. 21, Карпош Соколи 20, Фени Индустри 20, Куманово 19, Кожув 18, Гоце Делчев 16, Струмица 16 и Водњански лисици 14.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос