Кристален декор од 83.000 долари

Од:

Слонот е мистично и елегантно животно, а овој пат почит му оддава престижниот бренд „Baccarat“. Слонот е отелотворен во нивните најнови декоративни креации. Тие претставија преубав слон направен од полноќен кристал со темна боја, што е декориран со контрасни елементи со бронзена боја.

Оваа нивна креација носи назив „Baccarat Memoire Elephant Vase Holder“. Исто така, грандиозноста на овој слон е нагласена со држач за префинета вазна. Цената на ова префинето парче е многу висока и чини 82.545 долари.

Ако сте љубител на слоновите „Baccarat“ има уште еден предмет кој е идеален за вас и кој на совршен начин ќе ја декорира вашата дневна или работна соба, како и канцеларија. По цена од 37.000 долари можете да купите преубав тегет кристален слон, кој претставува сила, убавина, почитување и лојалност.

Исто така, во некои култури слоновите се носители на добра среќа и мудрост, тие имаат многу добро помнење. На пример, доколку се сретнете со некој слон тој и неколку години подоцна ќе ве препознае, па затоа бидете добри кон него.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска