Кожув во полуфиналето на БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Кожув го победија Рилски спортист во натпревар од регионалната Балканска лига и се пласираа во полуфиналето.

Во заостанат натпревар од 3.коло на „Д’’ групата, одигран попладнето во Самоков, екипата на Кожув го победи бугарскиот тим Рилски спортист со 88:86 со што му се реваншира за единствениот пораз сезонава во БИБЛ лигата.

Творци на победата, вкупно 10-та за Кожув во БИБЛ конкуренцијата беа, Милан Јанушевиќ кој постигна 21, Филип Шепа со 18 и Владимир Брчков кој беше стрелец на 17 поени.

Со овој триумф Кожув на едно коло до крајот на втората фаза, го осигура првото место во групата, а со тоа и директен пласман во полуфиналето на Балканската лига.

За гевгелиската екипа останува да го одигра уште дуелот со Сутјеска на гостински терен во Никшиќ, закажан за 3 март.

Табела: Кожув 9 бодови, Сигал 8, Рилски спортист 7 и Сутјеска 5.
Вчера во дуел од Ц група Куманово на гости ја победи Крајова со 75:74, па сега останува да го почека исходот од мечот меѓу Морнар и Пеќ кој ќе се игра на 4 март, по што кумановци ќе знаат дали ќе играат во четвртфиналето или полуфиналето.

Табела: Куманово 10 бодови, Крајова 9, Пеќ 8 (-1 натпревар помалку) и Морнар 6 (-1).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос