Франција ќе почне да и доставува на либанската армија од април оружје во вредност од три милијарди долари, финансирано од Саудиска Арабија, соопшти француското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека според зделката, која првпат беше објавена во 2013 година ќе бидат доставени француски оклопни возила, воени бродови, хеликоптери, муниција и комуникациска технологија.
Спогодбата предвидува и програми за обука на либанските воени сили, кои ќе ги водат припадници на француските сили.