Камена куќа во едно историско село во Швајцарија е реновирана во модерен дизјан, при што на градбата и е подарен нов живот и софистицираност, но се задржани нејзините оригинални карактеристики.
Природниот камен е преубаво модернизиран со големи прозорци што овозможуваат влез на многу светлина во внатрешноста.
На призмјето се наоѓа просторот за дневен престој, а на двата ката над него се сместени трпезаријата, кујната и спалните соби.
Во дневната соба доминира каминот од сиров челик, кој придонесува за релаксирачка атмосфера во тој дел од куќата.
Архитектите изградиле нов дрвен покрив, кој е во баланс со севкупниот дизјан и е во согласност со основната структура на градбата.
Оваа храбра и минималистичка куќа со површина од 116 метри квадратни, претставува модерен сон во кој е оживено минатото.