Најмалку 132 борци на Исламска држава се убиени од саботата до денеска во судири со курдските милиции, потпомогнати со американски воздушни удари во североисточната сириска провинција Хасака.
Курдските сили за заштита на народот, кои во минатиот месец ја протераа ИД од Кобане, одново со помош на воздушни удари на американски авиони презеле контрола врз 70 села.
Североисточна Сирија е стратешки важна во битката против радикалната група. Тој регион се граничи со територија во Ирак што е под контрола на ИД.