САД со предлог со СБ на ОН за санкции спрема Јужен Судан

Од:

САД предложиле до Советот за безбедност на ОН да воведе санкции спрема двете страни во конфликтот во Јужен Судан каде престрелки продолжуваат и покрај неколкуте договори за прекин на огнот.

Според дипломатски извор,  веќе се разгледува нацрт-резолуција со која би се формирала комисија за санкции што ќе воведе ограничени мерки по судирите меѓу приврзаници на претседателот Салва Киир и поранешниот негов заменик Риек Мачар.

Од крајот на 2013 година во Јужен Судан е хаос откако борбата за власт прерасна во етнички мотивирана граѓанска војна. Државата доби независност две години претходно. Во конфликтот загинаа десетици илјади луѓе, и речиси два милиона се принудно раселени.

Најновото примирје беше потпишано на 1 февруари со кое се предвидува поделба на власта меѓу Владата и бунтовниците. Во почетокот на неделата вооружена група киднапира 89 малолетни момчиња кои најверојатно ќе бидат принудени да бидат деца војници.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија